Македонската телевизија ексклузивно ќе го прикажува 98. доделување на „оскарите“, најпрестижните филмски награди во светот, в недела, 15 март 2026 г., директно од театарот „Долби“ во Холивуд, Лос Анџелес.

Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2025 година. Рекордни 16 номинации има „Грешници“ во режија на Рајан Куглер, 13 номинации освои „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, по 9 имаат „Франкенштајн“ на Гијермо дел Торо, „Марти Величествениот“ на Џош Сафди и „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир, додека „Хамнет“ на Клои Џао има 8 номинации.

Програмата „Ноќ на оскарите“ ќе започне на МТВ 1 во 23:05 часот.

Во 23:30 часот ќе почне преносот од црвената патека – пристигнувањето на најголемите имиња од филмската индустрија и кратките интервјуа со номинираните.

На полноќ ќе започне 98. оскаровска церемонија, која ќе ја води Конан О’Брајан и многу холивудски имиња ќе бидат дел од шоуто, како: Никол Кидман, Адријан Броди, Деми Мур, Роберт Дауни Јуниор,  Ченинг Тејтум, Сигурни Вивер, Зои Салдања, Мајки Медисон, Крис Еванс, Гвинет Палтроу, Киеран Калкин и многу други.

Коментатор на преносот ќе биде Миланка Рашиќ.

Скратената двочасовна снимка на „98. оскари: победници“ ќе се емитува во вторник од 20:15 и в сабота во 23:10 часот.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ