петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Да се воспостават санитарно-заштитни зони околу Билјанини Извори – Беј бунар

Да се воспостават санитарно-заштитни зони околу Билјанини Извори – Беј бунар

43

„Охрид СОС“ поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини Извори – Беј бунар.

– Ова не е апстрактно-правно прашање. Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат. Билјанини Извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка разновидност, во простор кој граничи со заштитени подрачја како Студенчишко Блато и Охридско Езеро, а кој наместо да се штити, масовно и насилнички се урбанизира. Без јасно утврдени заштитни зони, ризикот по пивката вода за Охрид не е хипотетички – туку реален и постојано се зголемува – нагласуваат од „Охрид СОС“.

Оттаму додаваат дека законот е јасен: ваквите зони мора да постојат.

– Прашањето е зошто сè уште, со децении, не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на институциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција – таа е должност – порачуваат од „Охрид СОС“.

ИЗДВОЕНИ