петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Tрадиционален марш во чест на Даре Џамбаз

Tрадиционален марш во чест на Даре Џамбаз

54

Планинарското спортско здружение „Козјак“ од Прилеп, в недела, ќе го организира традиционалниот планинарски марш посветен на основоположникот на планинарството во Македонија – Божидар Џамбазоски (Даре Џамбаз).

Поаѓањето со организиран превоз е пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, во Прилеп, во 07:30 часот до селото Дупјачани. Потоа, се продолжува до Сурун, каде што се старомакедонските гробници (IV – III. век пр. н. е.), потоа  Горно Село – манастирите „Св. Богородица“ – Трескавец – Маркови Кули – карпести гробници – манастир „Св. Архангел Михаил“ – храм „Св. Никола“ (XIII век) – црква „Св. Димитрија“ – амфитеатар (Варош).

Во манастирот Трескавец е обезбеден ручек (планинарско гравче).

Затворањето на маршот е во 16:30 часот кога ќе бидат доделени благодарници за учество.

Пријавувањето за учество во маршот е најдоцна до четврток.

Од ПСЗ „Козјак“ – Прилеп покануваат за учество, за како што велат „заедно да оддадеме почит и да уживаме во богатото културно-историско наследство и убавините на нашиот крај“.

 

ИЗДВОЕНИ