четврток, октомври 29, 2026
Дома СВЕТ Мелони се брани: „Не жалам што бев блиска со Трамп; ги бранев...

Мелони се брани: „Не жалам што бев блиска со Трамп; ги бранев националните интереси – повторно би го направила истото“

49
EPA/RICCARDO ANTIMIANI

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека не жали што била блиска со американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неговиот втор мандат, нагласувајќи дека со тоа ги бранела националните интереси на Италија.

„Не жалам што бев толку блиска со претседателот Трамп на почетокот на неговиот втор мандат, бидејќи тоа значеше одбрана на националниот интерес“, изјави Мелони во книгата на Бруно Веспа „Историја на Втората република: Од Берлускони до Мелони, од Проди до Шлајн“ – која треба да биде објавена на 2 ноември од издавачките куќи „Мондадори“ (Mondadori) и „Раи Либри“ (Rai Libri) – како што пренесува агенцијата „Аднкронос“ (Adnkronos).

Таа напомена дека одржувала добри односи и со поранешниот американски претседател Џо Бајден, иако и тоа наишло на критики.

„Затоа, беше уште поприродно да работам на градење уште поблиски врски со Соединетите Држави по изборот на Доналд Трамп“, истакна италијанската премиерка.

Мелони оцени дека САД се најважниот геополитички и воен сојузник на Италија, како и главниот неевропски пазар за италијанските производи; таа исто така ја истакна големата италијанска заедница што живее во Америка.

Според неа, блиските односи со Вашингтон се покажале како корисни и им помогнале на бројни европски влади да одржат отворен дијалог со американската администрација. Таа додаде дека ваквиот пристап овозможил зачувување на трансатлантската соработка дури и во моменти на значителни несогласувања, а исто така дозволил сложените прашања – како што се Гренланд и безбедноста на Арктикот – да се решаваат во соодветната рамка на НАТО.

„Сето ова беше корисно за Италија, Европа и Западот. Стојам зад сето тоа и повторно би го направила истото“, изјави Мелони.

ИЗДВОЕНИ