четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА Да ѝ помогнеме на самохраната мајка Катерина што преживеала семејно насилство

Да ѝ помогнеме на самохраната мајка Катерина што преживеала семејно насилство

79

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, повика на хуманитарна акција за помош на самохраната мајка Катерина на три мали деца, која имала преживено семејно насилство и денес се бори за гол опстанок.

Како што наведе Стефковски, во домот каде што живее со своите деца и со очувот, нема основни услови за живот. Нема доволно храна, нема сигурност, нема топлина…

– Ова не е само приказна за сиромаштијата. Ова е приказна за мајка што секој ден се буди со страв како ќе ги нахрани своите деца. За три мали ангели што заслужуваат детство исполнето со љубов, насмевки и безгрижност, а не солзи и глад – потенцира Стефковски.

Тој, Жаклина Пешевска и Дијана Илиевска ја посетиле Катерина и ѝ однеле голема количина хран,а која ќе им помогне во следните денови, но, како што вели Стефковски, знаат дека ова семејство има потреба од многу повеќе.

– Потребна им се надеж, сигурност и шанса за нов почеток – нагласи Стефковски.

Тој додаде дека со хуманитарната акција, заедно со општествено одговорните компании и со сите хумани луѓе, ќе се обидат сите заедно да го променат животот на Катерина и на нејзините три деца.

– Хуманоста не се мери со тоа колку имаме, туку колку сме подготвени да подадеме рака кога некому му е најтешко. Денес, можеби, токму нашата помош ќе биде причина некое дете да заспие нахрането, некоја мајка да почувствува дека не е сама, а едно семејство да добие надеж дека утре може да биде подобро. Да покажеме дека сè уште постојат луѓе со големо срце. Да бидеме причина за нечија насмевка. Да бидеме светлина таму каде што, за жал, во моментот владее темнина – повика Стефковски.

 

 

ИЗДВОЕНИ