понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОБНОВЕНА ПРАКТИКА НА ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА: Сиљановска-Давкова отвори Народна канцеларија во...

ОБНОВЕНА ПРАКТИКА НА ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА: Сиљановска-Давкова отвори Народна канцеларија во Скопје: Овде секој може да тропне и да влезе

53

Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 7.  На пригодната свеченост таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите – за младите, за возрасните и за пензионерите, каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. Сиљановска-Давкова додаде дека секој човек ќе може да дојде, да се развиваат дебати и демократска култура.

– Мислев дека е време, тука, во центарот на градот, да имa уште едно место кое ќе им биде достапно на граѓаните во секое време. Водно е далеку, не можат сите луѓе да стигнат таму, комплицирано е. Но тука секој ден врват, затоа мислевме дека е добро оваа канцеларија да биде место на кое ќе може секој да тропне, да влезе, да се распраша што може да направи – рече претседателката.

Сиљановска најави дека вакви канцеларии ќе се отвораат и во други градови.

– Ова е почеток, јас имам намера и во другите градови да отвориме, да позајмиме или да побараме простор од градоначалниците за да може, кога ќе одиме во други општини, граѓаните да стапат во контакт со нас – рече таа.

Претседателката откри дека најголема инспирација добила од младите.

– Најголема инспирација добив од средбата со младите, кога гледам дека овој простор пулсирал, многу млади се обраќале и во основните и во средните училишта и на факултетите. Има таленти што не можaт да го изразат својот талент токму поради тоа што е тешко да се дојде до простор и помисливме, зошто овде да нема изложби, дебати, концерти, плакати, да има едно катче, простор каде што ќе се менуваат на волонтерска основа оние што се овде – образложи Сиљановска-Давкова.

 

ИЗДВОЕНИ