По повеќе од шест децении чекање, учениците од населеното место Црешево наскоро ќе добијат современа училишна спортска сала, која ќе овозможи поквалитетни услови за реализација на наставата по физичко и здравствено образование, како и за спортски активности.

Изградбата се одвива согласно предвидената динамика, а се очекува спортската сала да биде завршена и пуштена во употреба на почетокот на октомври. Новиот спортски објект ќе биде наменет за учениците од Црешево, Виниче и Смилковци и ќе биде изграден според современи стандарди. Во салата ќе може да се реализираат активности за кошарка, одбојка, ракомет и други спортови, како и редовната настава по физичко образование.

Проектот предвидува изградба на комплетно опремен објект со современи соблекувални, тушеви и санитарни јазли, простории за наставниот кадар, како и простор за складирање на спортската опрема. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 34.099.421 денари, а средствата се обезбедени од Владата на Република Македонија.

Од Општина Гази Баба посочуваат дека со реализацијата на овој проект се решава долгогодишен инфраструктурен недостаток и се создаваат подобри услови за образование, спорт и правилен развој на младите генерации.

ИЗДВОЕНИ