петок, август 14, 2026
Дома СКОПСКА Чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел

Чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел

13

Од денеска, Општина Бутел, заедно со ЈП „Водовод и канализација” започнаа со чистење на фекалната и на атмосферската канализациона мрежа која се наоѓа на територија на оваа општина.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација”, Иван Митровски вчера направија увид во активностите на терен.

-Со навремено чистење и одржување на канализацијата придонесуваме за подобра функционалност на системот, спречување на застои и создавање почиста и поздрава животна средина за сите граѓани – соопштија од Општина Бутел.

Оттаму додаваат дека во наредните денови ќе продолжат во сите населени места во општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ