недела, ноември 15, 2026
Дома СКОПСКА Ревитализација на Старата скопска по примерот на Историската чаршија

Ревитализација на Старата скопска по примерот на Историската чаршија

0

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посетил Историската чаршија во Бурса, каде што бил пречекан од претставниците на Здружението на Историската чаршија и ановите на Бурса, предводени од Иса Алтикардеш.

– Ова здружение претставува околу 4.000 продавници и деловни субјекти. На средбата се разговараше за искуствата на Бурса во зачувувањето на културното наследство, организирањето на еснафите и за развојот на трговијата во историските подрачја – соопштија од Општина Чаир.

Меџити го истакнал значењето на овие искуства за ревитализацијата на Старата скопска чаршија. Исто така, се разговарало за проширување на соработката меѓу двата збратимени града и на ниво на еснафите, со цел поддршка на занаетчиството, трговијата и зачувување на историскиот идентитет на Чаршијата.

ИЗДВОЕНИ