петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Делата од Меѓународната ликовна колонија во Валандово изложени на Градскиот плоштад

Делата од Меѓународната ликовна колонија во Валандово изложени на Градскиот плоштад

16

Од вчеравечер, на плоштадот во Валандово, се изложени новите уметнички дела што настанаа како дел 29. Меѓународна ликовна колонија, во организација на Домот на културата „25 Мај“ – Валандово.

Од Општина Валандово информираат дека на ликовната колонија, која се одржа изминатава недела, учествувале уметници од Македонија, Турција, Грција, Албанија и од Бугарија.

– Нивните дела ќе бидат дел од уметничкото богатство и сопственост на градот Валандово. Десетмина уметници со десет различни погледи кон светот имаат една заедничка приказна: Валандово како место што инспирира, зближува и остава трага, беа дел од годинашната 29. по ред Ликовна колонија. Учесниците не ги понесоа со себе само своите нови дела туку и убавите спомени од престојот во нашиот град, за што зборуваат и нивните пофални зборови за гостопримството, атмосферата и за луѓето во Валандово – велат од Општината.

Учесниците на годинашната Колонија остварија и прием кај градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, на кој, како што наведуваат општинските власти, размениле искуства и мислења за уметноста, творештвото и за значењето на оваа традиционална културна манифестација.

ИЗДВОЕНИ