Здружението на граѓани „Љубезност“ во вторник, со почеток во 17:30 часот, ќе организира работилница за хеклање во своите простории на улицата „Дренак“, број 34 а.
Од Здружението ги повикуваат сите креативни луѓе да станат дел од нивниот клуб за хеклање – место каде што се учи, се споделува знаење, се создаваат пријателства и се прават добри дела.
– Не знаеш да хеклаш? Дојди да научиш! Веќе знаеш? Сподели го своето знаење и помогни им на другите да ја совладаат оваа вештина. Сакаш да запознаеш нови луѓе? Придружи ни се во пријатна и креативна атмосфера. Сакаш да придонесеш за заедницата? Заедно ќе изработуваме рачни изработки, кои потоа ќе им бидат донирани на луѓето на кои им е најмногу потребно. Не е важно дали си почетник или веќе имаш искуство. Важни се желбата за учење, дружење и солидарноста. Твоите раце може да создадат нешто убаво, а твоето знаење може да промени нечиј живот – порачуваат од „Љубезност“.
Паричните средства ќе одат за корисниците на Здружението „Љубезност“.












