Одбојкарскиот клуб Раборнички е освојувач на Чајка Суперкупот на Македонија откако со 3:0 (25:16, 25:23, 25:21) го совлада тимот на Вардар ЕМ. Работнички Скопје имаше сигурно отворање на дуелот додека вардарки делуваа како да им е потребно дополнително време за да “влезат” во мечот.
По водството на Работнички Скопје од 1:0 во сетови Вардар ЕМ понуди многу поголем отпор, па егал се играше во следните два сета. Резултатска неизвесност, пресврти и убави поени. Сепак на крајот одбојкарките на актуелниот шампион предводени од МВП играчот Тамара Атанасова стигнаа до првиот Суперкуп во клупската историја.












