четврток, октомври 8, 2026
Дома СВЕТ „Ел Нињо“ би можел да собори историски рекорди: Врвот ќе го почувствуваме...

„Ел Нињо“ би можел да собори историски рекорди: Врвот ќе го почувствуваме веќе во декември

51

Овогодишниот временски феномен „Ел Нињо“ дополнително ќе се интензивира пред да го достигне својот врв во декември, а речиси 100 проценти е сигурно дека ќе продолжи до февруари 2027 година, соопшти Светската метеоролошка организација (WMO).

Во редовниот месечен извештај на WMO се наведува дека температурата на површината на морето би можела да ги собори сите досегашни рекорди, со што овој „Ел Нињо“ потенцијално би станал еден од најсилните регистрирани од 1950 година наваму.

Организацијата очекува дека температурата на морската површина во централниот и источниот тропски Пацифик во периодот од октомври до декември ќе биде дури за 3,7 степени Целзиусови над нормалата. Оваа прогнозирана температурна аномалија е значително повисока од претходниот рекорд од 2,6 степени Целзиусови, кој беше забележан во периодот од ноември 2015 до јануари 2016 година.

„Ел Нињо“ е топла фаза од природниот климатски циклус која директно влијае врз временските прилики ширум светот. Подолготраен и посилен „Ел Нињо“ вообичаено доведува до значително повисоки глобални температури и нарушување на режимот на врнежи, предизвикувајќи екстремни суши во едни региони и разорни обилни дождови во други. Овој феномен вообичаено се јавува на секои две до седум години.

Според податоците на службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“, просечната глобална температура во август изнесувала 16,96 степени Целзиусови, со што беше изедначен рекордот од јули 2023 година за најтопол месец откако постојат мерења.

ИЗДВОЕНИ