четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатна обука за дигитална писменост и за економска инволвираност на жителите

Бесплатна обука за дигитална писменост и за економска инволвираност на жителите

28

Општина Карпош, во соработка со аутсорсинг компанијата „Таск-ХРС“, од 14. 04.2026 година ќе започне со реализација на бесплатна обука за дигитална писменост и за економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.

Следењето на обуките ќе опфати три категории, и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лицата од маргинализираните групи.

– Обуката ќе се одржува секој вторник, во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски“, со почеток во 18:00 часот. Еден час ќе трае 90 минути од сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели и е потребно заинтересираните граѓани претходно да го најават своето присуство на телефонскиот број 071/376-080 – информираат од Општина Карпош.

Притоа, додаваат дека оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и на маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациските апликации, социјалните мрежи итн.

Во рамките на обуката ќе се зборува и за основите за користење на електронските уреди, безбедното пребарување на интернет-мрежата, како и за користењето на електронската пошта, користењето јавни електронски услуги, дигиталната економија и можностите за дополнителни приходи.

 

ИЗДВОЕНИ