среда, октомври 28, 2026
Дома БАЛКАН ВО СРБИЈА ЦРВЕН СТЕПЕН НА ЗАКАНА ОД ТЕРОРИЗАМ: Полицаец уби тинејџер пред...

ВО СРБИЈА ЦРВЕН СТЕПЕН НА ЗАКАНА ОД ТЕРОРИЗАМ: Полицаец уби тинејџер пред Амбасадата на Израел во Белград

4923
Фото: Министерство за внатрешни работи Србија

Малолетник, за кој постои сомневање дека е од Шабац, со два ножа нападна припадник на Жандармеријата кој обезбедувал објект во близина на Амбасадата на Израел во Белград.

Припадникот на Жандармеријата возвратил на нападот, при што напаѓачот бил убиен. Прогласено е „црвено“ (највисоко) ниво на терористичка закана.

Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи во владата во заминување (техничката влада), изјави дека врз припадник на Жандармеријата во Белград бил извршен „терористички напад“.

Дачиќ наведе дека безбедносните служби го следеле поединецот, за кого, според досегашните сознанија, се знаело дека е поврзан со „Исламската држава“. По нападот, издадена е наредба нивото на терористичка закана да се подигне на највисоко можно ниво, како и да се зголеми присуството на полицијата на клучни локации низ Србија.

„Со оглед на тоа што на наша територија се случи терористички напад, донесов одлука нивото на терористичка закана да се подигне на највисоко можно ниво – ’црвено‘ ниво. Тоа значи дека, почнувајќи од утрово, ќе има засилени безбедносни проверки и зголемено присуство на полициски сили на сите критични локации – особено во близина на инфраструктурни објекти и на места каде што се собираат голем број граѓани“, изјави Дачиќ.

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД КАЈ ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД: Напаѓачот е убиен!

ИЗДВОЕНИ