вторник, октомври 27, 2026
Дома СКОПСКА  Педесет и прва сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при...

 Педесет и прва сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа  

15

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска, од 27 до 29 октомври 2026 година престојува во Стразбур, Франција. Таму таа учествува на 51. сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа.

-Учеството на 51. сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа е можност за размена на искуства со претставници од европските локални самоуправи, запознавање со добри практики и отворање нови можности за соработка. Придобивката од ова учество е стекнатото знаење и искуство што можеме да ги примениме во развојот на Општина Кисела Вода, со цел подобри услуги и поквалитетен живот за граѓаните – истакна Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ