вторник, октомври 27, 2026
Дома СКОПСКА Промовирани новопоставените фотоволтаични системи во градинката „Орце Николов“

Промовирани новопоставените фотоволтаични системи во градинката „Орце Николов“

19

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска ги промовираше новопоставените фотоволтаични системи во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 3.

-Во рамки на програмските активности на Секторот за екологија и енергетска ефикасност започнато е поставување фотоволтаични централи и во три детски градинки – „Орце Николов“, во Карпош 3, „Пролет“, во Козле и „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2 – најавија од локалната самоуправа.

За реализацијата на оваа инвестиција Општина Карпош издвојува 2.139.988 денари од сопствениот буџет.

Градоначалникот Лукровски истакна дека вложувањето во обновливи извори на енергија е инвестиција во долгорочна одржливост, намалување на трошоците и создавање подобри услови за престој на најмладите.

-Ова е продолжение на успешниот процес на енергетска трансформација на општинските објекти. Во текот на 2024 и 2025 година, фотоволтаични системи беа поставени на сите 10 основни училишта под надлежност на Општина Карпош. До крајот на 2026 година е предвидено поставување фотоволтаична централа и на уште еден објект на детската градинка „Мајски цвет“ во Карпош 4 – информираа од Општина Карпош.

ИЗДВОЕНИ