четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ ОН ја прогласи трговијата со робови за најголемо злосторство против човештвото

ОН ја прогласи трговијата со робови за најголемо злосторство против човештвото

56

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која трансатлантското ропство се признава како „најлошото злосторство против човештвото“ во историјата. Документот предложен од Гана со кој се повикуваат земјите-членки да ги признаат историските неправди и да отворат дијалог за репарации, беше усвоен и покрај силното противење од Соединетите Американски Држави, Израел и Аргентина, кои единствени гласаа против, објавија „Ројтерс“ и Би-би-си.

Резолуцијата беше усвоена со 123 гласови „за“, а 52 земји, меѓу кои и Македонија, беа „воздржани“.

Гана го оправда предлогот тврдејќи дека последиците од ропството, за време на кое од 15-ти до 19-ти век помеѓу 12 и 15 милиони Африканци биле насилно одземени и продадени, се уште се присутни денес преку расни нееднаквости и нееднаков развој. Се проценува дека повеќе од два милиони луѓе починале за време на самиот транспорт до Америка.

 

ИЗДВОЕНИ