EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Барселона ја освои Лигата на шампионите и само неколку дена подоцна обезбеди многу важно засилување. Словенецот Блаж Јанц го продолжи договорот со клубот од Каталонија до 2030 година.

Тоа значи дека ‘рбетот на тимот ќе остане, бидејќи пивотменот Лудовик Фабрегас, исто така, го продолжи договорот за уште четири години, додека францускиот бек Тимоти Енгесан го продолжи договорот до 2029 година.

Јанц ја почна својата кариера во Цеље, каде што играше до 2017 година, потоа помина три сезони во Киелце, а потоа во 2020 година – во Барселона. Тој ја освои својата четврта титула во Лигата на шампионите со клубот оваа сезона.

Тој подеднакво добро ги покрива позициите десно крило и десен бек, а оваа сезона имаше повеќе минути од Дика Мем на позицијата бек. Во финалето против на ЛШ против бундеслигашот Фуксе Берлин, постигна шест гола и имаше пет асистенции и затоа беше еден од клучните играчи на Барселона.

ИЗДВОЕНИ