Пикерската позиција во ракометот важи за една од најтешките позиции која најмногу бара. Постојаните дуели, ударите и борбата со противничките одбранбени играчи се само дел од предизвиците со кои се соочуваат ракометарите на оваа позиција. Еден од нив е и македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски, кој настапува за Вардар и важи за важен дел од играта на „црвено-црните“.
Во разговор за весникот ВЕЧЕР зборуваме за настапите на Вардар во Лигата на шампионите, очекувањата од Лигата на Европа, амбициите со македонската репрезентација, доаѓањето на Дмитро Хориха, но и за неговиот личен пат, жртвите и поддршката од најблиските. Лазаревски отворено зборува за своите амбиции, не крие дека сака да освои големи трофеи, а воедно испрати и порака за евентуално заминување од редовите на Вардар.
Пикерската позиција е една од најнеблагодарните во ракометот – постојано сте во физички дуели, често добивате удари, а вашата работа не се гледа секогаш во статистиката. Дали сметате дека јавноста доволно ја разбира вистинската вредност на еден пикер?
- Пошироката јавност не е секогаш запознаена со работата што ја врши пикерот. Најчесто се води според статистиката. Искрено, за мене e најважно екипата во која играм, да победува.
ФОТО: Петр Стојановски
Колку сте задоволни од настапот на Вардар во Лигата на шампионите и што очекувате од настапот во второто по ранг натпреварување на ЕХФ – Лигата на Европа?
- Ова, според мене, беше далеку од идеален настап во Лигата на шампионите. Проработевме доцна, покажавме квалитет, иако реалната слика вели дека конкурентите беа далеку побогати. И покрај тоа, имавме реални шанси да продолжиме во следната фаза. До израз дојде неискуството на поголемиот дел од играчите во вакви натпревари. Токму тоа неискуство беше пресудно во Лигата на шампионите. Но, и покрај сè, покажавме дека можеме, дека знаеме и дека имаме добра база за во наредните години да бидеме уште подобри и поуспешни во ова натпреварување. Ниту тајмингот не ни одеше во прилог. На почетокот од сезоната имавме неколку повреди на клучни играчи, па не можевме да го поставиме концептот уште во раната фаза од подготовките. Наместо тоа, чекавме да се комплетира екипата за да можеме да се воигруваме во полн состав. Силите ни беа ограничени, а во такви околности, немавме простор за калкулации.
Што му недостасува на тимот за да го повтори успехот од 2017 и 2019 година?
- Не можам да направам споредба. Тоа беше сосема друго време, со сосема поинаква политика и можности во однос на денешните. Главното финансирање тогаш беше друга димензија во споредба со она што го имаме сега. Затоа не би било во ред да правам споредби. Во овој Вардар се гради тим од нула, додека во периодот кога главен финансиер и сопственик беше Сергеј Самсоненко, се доведуваа етаблирани имиња, докажани во европскиот и во светскиот ракомет. Денес Вардар гради екипа од потенцијални, но верувам, идни големи ѕвезди.

Титула со Вардар во Лигата на шампионите или финале со Македонија на Европското првенство?
- Ги посакувам и двете. Не можам да дадам предност на едното или на другото. Двете работи би ми биле подеднакво драги.
Ракометот бара огромни жртви, особено од играчите на позицијата пикер. Дали некогаш сте имале момент кога сте си рекле дека сето тоа не вреди и што беше она што ве натера да продолжите?
- Нормално, секој спортист имал такви моменти, кога се преиспитувал дали вреди тоа што го прави и дали треба да продолжи. Сите сме биле во таква ситуација, без разлика дали станува збор за физички или психички предизвици, или за прашањето дали телото може да го следи темпото. Понекогаш психата не може да го следи темпото на случувањата, ниту, пак, очекувањата што како спортист си ги поставуваш и што ти ги наметнуваат другите. Ниту јас не сум исклучок од тоа. Но, да не грешам душа, последен пат такво нешто ми поминало низ глава многу одамна. Сега можам да кажам дека стојам цврсто на земја и знам што сакам за да ја постигнам целта. Она што ме натера да продолжам и да не тргнам во погрешна насока се моето семејство и моите пријатели, кои секогаш се тука за мене и ме поддржуваат во сè што правам, како во спортот, така и надвор од него. Искрено, имав многу тежок пат додека да се пробијам, но во тие моменти мал број луѓе постојано ми даваа поддршка. Не би сакал да ги изневерам нивното трпение, љубовта и вербата што ми ги дадоа.

Како репрезентативец, го чувствувате ли товарот на очекувањата дека Македонија конечно може да направи голем резултат на едно големо натпреварување или верувате дека оваа генерација има квалитет да ја врати репрезентацијата меѓу најдобрите?
- Притисок секогаш има. Македонија е ракометна спортска нација, јавноста е добро запознаена со овој спорт, па затоа очекувањата се секогаш големи. Од нас, како репрезентативци, сите очекуваат да бидеме следниот Мојсовски, следниот Лазаров, следниот Стоилов… Успехот не може да се споредува со оној на претходната генерација. Зенитот на таа генерација беше сосема поинаков, а денес ракометот е толку трансформиран и еволуиран што споредбата би била сосема поинаква. Мислам дека зенитот на оваа генерација е поголем од зенитот што го имаше претходната. Ова го кажувам со сета почит кон поранешните репрезентативци и мои колеги. Единствениот начин да одиме напред и да се прикажеме во подобро светло е да имаме инспирација во нашите претходници. Така ќе биде и во иднина. Кога ние ќе заминеме во пензија, нашите наследници и идните репрезентативци треба да имаат амбиција да постигнат уште подобри резултати од нас.
Какво е вашето мислење за доаѓањето на Дмитро Хориха во репрезентацијата?
- Врз основа на двете години што ги поминав со него во Вардар, знам дека станува збор за голем играч и, пред сè, за голем човек. Бевме блиски, изградивме одличен однос и го ценам и како човек и како играч. Што се однесува до репрезентацијата, сигурно е дека добиваме големо засилување во бековската линија. Кога станува збор за натурализираните играчи, тоа не е во мојот домен и не би сакал да давам никакви оценки за таа тема.

Колкава треба да биде понудата од градскиот ривал, РК Алкалоид, за Милан да го замени црвениот со синиот дрес?
- Само едно ќе кажам – не играм за пари. Да беше пресуден само паричниот надомест, досега ќе го напуштев Вардар. Но, пред сè, парите никогаш не ми биле најважни.
Кога еден ден ќе ја завршите кариерата, што би сакале луѓето да кажуваат за Милан Лазаревски – дека бил врвен ракометар, голем борец, лидер или човек кој никогаш не се откажал од своите соништа?
- Сè што направив беше автентично, искрено и без филтри. Ако успеам да ја остварам мојата најголема цел, тоа е да оставам трага. Би сакал да бидам пример за добар човек, човек од народот и за народот. Да покажам дека секој, исто како мене, може да го постигне она за што сонува – под услов доволно силно да го сака тоа, да верува во него и да биде подготвен на жртви. Од тоа да бидам отпишан кадет, кој не знаеше ниту на која позиција игра, па сè до моментот кога ме носат на рамена, со громогласни скандирања од навивачите. Патот дотука навистина ми беше тежок, но кога би знаел дека ќе го доживеам овој момент, би го поминал уште петпати – напред-назад.

Пикерската позиција е една од најнеблагодарните во ракометот – постојано сте во физички дуели, често добивате удари, а вашата работа не секогаш се гледа во статистиката. Дали сметате дека јавноста доволно ја разбира вистинската вредност на еден пикер?
- Пошироката јавност не е секогаш запознаена со работата што ја врши пивотот. Најчесто се води според статистиката. Искрено, за мене е најважно екипата во која играм, да победува.
Колку си задоволен од настапот на Вардар во Лигата на шампионите и што очекувате од настапот во второто по ранг натпреварување на ЕХФ – Лигата на Европа?
- Ова е, според мене, далеку од идеален настап во Лигата на шампионите. Проработевме доцна, покажавме квалитет, иако, реалната слика вели дека конкурентите беа далеку побогати. Но, и покрај тоа, имавме реални шанси да продолжиме во наредната фаза. Дојде до израз неискуството од вакви натпревари на поголемиот број играчи. Со играњето во Лигата на шампиони, неискуството беше пресудно. Но, и покрај се, покажавме дека можеме, дека знаеме и дека имаме база за наредните години да бидеме уште подобри и поуспешни во ова натпреварување. Ниту тајмингот не нè послужи, на стартот од сезоната имавме неколку повреди на клучни играчи, не можевме да го склопиме концептот уште од раната фаза на подготовките, туку чекавме да се комплетира екипата за да можеме да воигруваме во полн состав. Силите ни беа ограничени, а во таков случај немавме простор за калкулации.

Што му недостасува на тимот за да го повтори успехот од 2017 и 2019 година?
- Не можам да направам споредба. Тоа беше сосема друго време, сосема друга политика, како и можностите со кои располагаа тогаш и денес. Главното финансирање беше една друга димензија во споредба со сега. Затоа, не би било во ред да правам споредба. Во овој Вардар се гради тим од нула, а тогаш, кога главен финансиер и сопственик беше Сергеј Сампсоненко, се купуваа етаблирани имиња, докажани во европскиот и светскиот ракомет. Денес Вардар гради екипа од потенцијални, но верувам, идни големи ѕвезди.
Титула со Вардар во ЛШ или финале со Македонија на ЕП?
- Ги посакувам и двете. Не можам да му дадам предност на едното или на другото. Двете работи би ми биле подеднакво драги.
Ракометот бара огромни жртви, особено од играчите на позицијата пикер. Дали некогаш сте имале момент кога сте си рекле дека сето тоа не вреди и што беше она што ве натера да продолжите?
- Нормално, секој спортист имал такви моменти, кога се преиспитувал дали вреди тоа што го прави и дали вреди да го продолжи. Сите сме биле во таква ситуација, дали физички или психички, дали телото може да те следи… Понекогаш, психата не може да го прати темпото на случувањата, ниту пак, на очекувањата кои си ги поставуваш како спортист и ти ги наметнуваат. Ниту јас не сум исклучок од тоа. Но, да не грешам душа, последен пат нешто такво ми поминало низ глава многу одамна. Сега, можам да кажам дека стојам цврсто на земја, знам што сакам за да ја постигнам целта. Тоа што ме натерало да продолжам и да не отидам во погрешна насока е моето семејство и моите пријатели, кои секогаш се тука за мене и ме поддржуваат во сè што правам во спортот и надвор од него. Искрено, имав многу тежок пат додека да се пробијам, но во тие моменти, мал број луѓе постојано ми даваа поддршка. Не би сакал да ги изневерам нивното трпение, љубовта и вербата што ми ги дадоа.

Како репрезентативец, го чувствувате ли товарот на очекувањата дека Македонија конечно може да направи голем резултат на едно големо натпреварување, или верувате дека оваа генерација има квалитет да ја врати репрезентацијата меѓу најдобрите?
- Притисок секогаш има. Македонија е ракометна спортска нација, јавноста е добро запознаена со овој спорт, па затоа очекувањата се секогаш големи. Од нас, како репрезентативци, сите очекуваат да бидеме наредниот Мојсовски, наредниот Лазаров, наредниот Стоиолов… Успехот не може да се споредува со претходната генерација. Зенитот на таа генерација беше сосема друга игра, а денес ракометот е толку трансформиран и еволуиран што споредбата би била сосема поинаква. Мислам дека зенитот на оваа генерација е поголем од зенитот што го имаше претходната генерација. Ова го кажувам со сета почит кон репрезентативци и мои колеги, но единствениот начин да одиме понатаму и во подобро светло е да имаме инспирации од нашите претходници. Така ќе биде и во иднина, кога ние ќе заминеме во пензија, нашите идни деца и репрезентативци треба да имаат аспирација да направат уште подобри резултати од нас.
Кое е вашето мислење за доаѓањето на Дмитро Хориха во репрезентацијата, поточно, дали се согласувате со селекторот Кирил Лазаров, дека поранешниот украински репрезентативец му е потребен на националниот тим или, пак, сметате дека на оваа позиција има доволно добри македонски играчи кои треба да бидат во репрезентацијата?
- Врз база на двете години поминати со него во редовите на Вардар, знам дека станува збор за голем играч и пред сè, голем човек. Бевме блиски, изградивме одличен однос, го ценам и како човек и како играч. Што се однесува до репрезентацијата, Сигурно е дека добиваме големо засилување во бековската линија. Што се однесува до натурализирани играчи, тоа не е во мој домен и не би сакал да давам никакви ингеренции околу сето тоа.

Колкава треба да биде понудата од градскиот ривал, РК Алаклоид, за Милан да го смени црвениот со синиот дрес?
- Само едно ќе кажам – не играм за пари. Да беше пресуден само паричниот надомест, досега ќе го напуштев Вардар. Но, пред сè, парите никогаш не ми биле најважни.
Кога еден ден ќе ја завршите кариерата, што би сакале луѓето да кажуваат за Милан Лазаревски – дека бил врвен ракометар, голем борец, лидер или човек кој никогаш не се откажал од своите соништа?
- Сè што направив беше автентично, искрено и без филтри. Ако успеам да ја остварам мојата најголема цел, тоа е да оставам трага. Би сакал да бидам пример за добар човек, човек од народот за народот. Да покажам дека секој, исто како мене, може да го постигне она за што сонува – под услов доволно силно да го сака тоа, да верува во него и да биде подготвен на жртви. Од тоа да бидам отпишан кадет, не знаејќи на која позиција игра, па сè до моментот да ме носат на рамена, со громогласни скандирања на навивачите. Патот дотука ми беше навистина тежок, но да знаев дека ќе го доживеам овој момент, ќе го поминев уште пет пати – напред-назад.
Кристијан ТРАЈКОВСКИ











