среда, ноември 11, 2026
Дома СПОРТ Зошто Англичаните со свирежи го навредуваат својот фудбалер?!

Зошто Англичаните со свирежи го навредуваат својот фудбалер?!

0
epa11478766 England players look on after losing the UEFA EURO 2024 final soccer match between Spain and England, in Berlin, Germany, 14 July 2024. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Бен Вајт изјави дека нема да го вознемират свирежите од англиските навивачи, но додаде дека тие не ја знаат целата приказна за неговото четиригодишно отсуство од репрезентацијата. Дефанзивецот на Арсенал беше исвиркан во март оваа година за време на неговиот кам-бек во националниот тим, прв натпревар откако го напушти кампот на репрезентацијата за време на Светското првенство во Катар 2022 година.

По тој шампионат, Вајт не одговори на повиците од тогашниот селектор Гарет Саутгејт и се врати во репрезентацијата дури откако Томас Тухел ја презеде функцијата. Публиката го исвиркуваше за време на неговиот прв натпревар под водство на Тухел, против Уругвај во март, во кој постигна гол и направи пенал. Новиот селектор ги повика навивачите да не го исвиркуваат Вајт пред натпреварите со Хрватска и Шпанија, но 29-годишниот дефанзивец вели дека е подготвен за таква реакција.

„Секој има право да прави што сака. Мене ми е во ред со тоа. Нека прават што сакаат, но мислам дека веројатно не ја знаат целата приказна. Ако ја знаеле, можеби нема така да реагираат. Не се обидувам никому да му ласкам или да кажувам работи само за да ме сакаат луѓето. Едноставно, така е. Постојат причини за моите одлуки и само се радувам што ќе играм за Англија, ќе играм добро и ќе бидам успешен“, изјави Вајт за британскиот весник „Телеграф“.

За реакцијата на публиката против Уругвај, тој додаде: „Пред натпреварот мислев дека само сакам да се држам под радарот, да одам полека и лесно. Потоа влегов во игра и секако бев исвиркан.

Потоа постигнав гол и направив пенал. Беше емотивна ноќ и, на крајот, сè се среди. Свирежите се е во ред, тоа навистина не ме погоди. Уживав играјќи за Англија и неколку свирежи не можеа да ме вознемират“.

Офанзивниот бек никогаш јавно не објасни точно зошто го напушти тимот на средина од Светското првенство и оттогаш престана да му одговара на Саутгејт.

„Очигледно имаше многу муабети. Веројатно видов сè и мислам дека луѓето, едноставно, не ја знаат целата приказна бидејќи никогаш не кажав ништо. Се случуваа многу работи, а комуникацијата не беше најдобра. Нема да повикувам никого ниту да давам детали. Многу луѓе се обидуваат да ми го направат тоа, а јас не сакам да му го направам тоа на никого друг. Мислам дека е за добро. Беше комплицирана ситуација и не беше лесно, но одлично е да се вратам тука“.

На прашањето дали би направил нешто поинаку, тој рече: „Не, не мислам дека би направил. Јас сум прилично отворена личност и мислам дека донесов одлука зад која, веројатно, ќе стојам и денес. Да, тоа е нешто за кое не сум среќен, но се случи. Време е да се продолжи понатаму“, заврши фудбалерот на Арсенал.

ИЗДВОЕНИ