среда, ноември 11, 2026
Дома СВЕТ Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Жени доброволки минуваат низ воена обука и подготовки за вонредни ситуации, при што властите како една од целите ја наведуваат одбраната на земјата од можен американски напад.

0
screenshot Youtube

Иран го отвори својот прв воен камп за обука наменет исклучиво за жени, лоциран на плоштадот Азади во Техеран. Ова е дел од национална кампања која опфаќа воена обука, дејствување во вонредни ситуации и логистичка поддршка.

Десетици жени доброволки – познати како „Џанфадајан“ (термин што означува поединци подготвени да го жртвуваат својот живот за татковината) – учествуваа во воени вежби, пренесува Ал Џезира.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледаат жени, облечени во облека што им го покрива целото тело, како држат автоматски пушки, се спуштаат по ѕидови и изведуваат други видови вежби.

Иранските власти наведуваат дека целта на оваа обука е да ги подготви доброволките за одбрана на нацијата во случај на можен копнен напад од страна на Соединетите Држави.

Претходно оваа година, илјадници жени и девојки учествуваа на собир насловен „Ќерки посветени на Иран“, одржан во центарот на Техеран.

Според извештајот на иранскиот државен медиум „Прес ТВ“, учесничките положиле заклетва за верност кон новиот Врховен водач на Исламската револуција и ја изразиле својата подготвеност да ја бранат земјата. Собирот беше организиран по повод иранскиот Ден на девојките и годишнината од раѓањето на ќерката на пророкот Мухамед.

Во меѓувреме, високиот ирански безбедносен функционер Мохсен Резаеи во вторникот изјави дека во моментов не се водат никакви преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ