Организацијата Исламска младинска асоцијација или Islamic Youth Association од Македонија е прогласена за терористичка организација од страна на Кривичниот суд во Каиро, Египет. Египетскиот суд, преку одлука објавена на 10-ти ноември во нивниот Службен весник, стави вкупно 35 европски исламски организации и 36 поединци на својата листа на терористички ентитети.
Ставањето на оваа листа од страна на Египет подразбира воведување финансиски санкции, замрзнување на имот и забрана за активности поврзани со египетски субјекти за период од 5 години.
Станува збор за одлука на Кривичниот суд во Каиро, донесена во предметот број 11108 од 2026 година, со која организациите и лицата се внесуваат во египетските списоци на терористички организации и терористи во период од пет години.
Меѓу 35-те организации, покрај исламски здруженија и институции од Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија и други европски држави, во списокот е наведена и организација од Македонија, под арапското име „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“ (تجمع الشباب الإسلامي), што во превод значи „Исламско младинско здружение“.
Македонската организација е наведена во списокот објавен од египетската новинска агенција МЕНА и во извештаите на египетските медиуми. Засега нема доволно јавно достапни податоци за нејзиното точно правно име и регистрација во Македонија. Од јавно достапениот список на граѓански организации, со податоци од Централниот регистар, постот регистриран здружение „Исламски младински форум – Скопје“. Египетската листа го наведува арапското име, кое индиректно како превод се поклопува со името на оваа организација. Но, тоа не мора да значи дека станува збор за оваа организација.










![[Интервју] Гоце Цветановски: Ако друг не запне да го направи вториот македонски долгометражен анимиран филм, јас ќе бидам тој](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/11/prva-3-100x70.jpg)

