Неколку дена подоцна, по дерби-пресметката со Борусија од Дортмунд (2:2), фудбалерите на Баерн Минхен треба да се соочат со уште еден голем предизвик, но сега во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Германскиот претставник денеска гостува во Мадрид, каде што за противник го има секогаш незгодниот тим на Атлетико Мадрид.
Двата тима се во одлична форма, но гостинот има повеќе причини за загриженост поради отсуството на шефот на стручниот штаб, Винсент Компани, кој има здравствени проблеми, а во комбинација за настап нема да бидат неколкумина стандардни првотимци.
Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе се обиде да ѝ стави крај на серијата очајни резултати, но таквата задача ќе биде и повеќе од комплицирана затоа што за противник ќе го има италијанскиот калчолигаш Рома. Римската „волчица“ гази сè пред себе во Серија А и затоа се оправдани насловите во британските медиуми дека дуелот на „Олд Трафорд“ може да биде последен за Карик, кој со недели стои на тенок мраз, но никако да го добие заслужениот отказ.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Галатасарај – Штутагрт, Шахтјор Д. – Спортинг Л., Атлетико Мадрид – Баерн Минхен, Барселона – Астон вила, Бодо/Глимт – Лил, Феенорд – Интер, Ласк Линц – Слован Б., Манчестер ј. – Рома, Вилјареал – ПСЖ.












