Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ имаше фантастично деби во НЦАА-лигата откако блесна во убедливата победа на Тексас Арлингтон против Норт Тексас Далас со 89:56.

Македонскиот центар беше меѓу најзаслужните за триумфот на својот тим, реализирајќи 16 поени и девет скока за само 18 минути поминати на паркетот.

За него, ова е прво искуство во американската кошарка. Претходно беше дел од младинската школа на Барселона, по што настапуваше за Прат во Втората шпанска лига.

Имаше и кратка авантура во Босна и Херцеговина, додека во македонскиот шампионат го носеше дресот на ТФТ Скопје и на Кожув. Со ваквиот настап, тој на најдобар начин го најави својот почеток во американската колеџ-кошарка.

ИЗДВОЕНИ