Голема трагедија го обележа Њујоршкиот маратон откако почина 24-годишната Рејчел Апа по колабирањето во Централ парк, на само три километри до целта.

Поранешната универзитетска хокеарка ненадејно се онесвестила во завршницата на трката, по што веднаш добила прва помош од неколкумина присутни, меѓу кои и двајца лекари. И покрај брзата реакција, реанимацијата и шестчасовната борба на медицинскиот персонал, вечерта починала во болница.

Според нејзиниот татко, Стив, причина за смртта е рабдомиолиза, ретка состојба при која доаѓа до брзо разградување на мускулното ткиво.

Рејчел со месеци се подготвувала за маратонот, а нејзината цел била да собере средства за истражување на Паркинсоновата болест, од која починал нејзиниот дедо во 2022 година.

Организаторите потврдија дека таа е првата учесничка што починала во текот на Њујоршкиот маратон и упатија сочувство до нејзиното семејство.

ИЗДВОЕНИ