четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Се реконструира и доградува мостот на Маркова Река

Се реконструира и доградува мостот на Маркова Река

1213

Во Општина Аеродром започнаа реконструкцијата и доградбата на мостот на Маркова Река, кој ги поврзува населбите Горно и Долно Лисиче. Проектот има цел да обезбеди побезбеден и современ инфраструктурен објект, кој ќе ја олесни секојдневната мобилност на жителите и ќе ги намали ризиците при сообраќај, се наведува во објавата на Владата на „Фејсбук“.

– Зафатот опфаќа реконструкција на постојниот мост, доградба и унапредување на носивоста, подобрување на пристапите и на системот за одводнување. Инвестицијата изнесува 12.066.494 денари, обезбедени од Владата, преку Министерството за транспорт и врски – пишува во соопштението.

Со реализацијата на овој проект, како што се истакнува, се создава современа и сигурна инфраструктура што ќе ги поврзе Горно и Долно Лисиче, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на сите жители.

 

 

ИЗДВОЕНИ