Легендарниот македонски кошаркар, Перо Антиќ, ќе биде именуван во амбасадор на АБА-лигашот Игокеа, потврдија од клубот.
Поранешниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) добива уште едно големо признание од некој од балканските клубови. Инаку, тој е почесен гостин и кошаркарска икона на Црвена звезда, Олимпијакос и на Фенербахче, а сега и на уште еден балкански клуб.
Генералниот менаџер на Игокеа, Игор Додик, истакна дека харизмата, професионализмот и препознатливиот спортски дух на Антиќ ќе бидат силна инспирација за сите членови на кошаркарската заедница во клубот.
- Неговата харизма, професионализмот и спортскиот дух ќе бидат голема инспирација за секого што е дел од нашата заедница – додаде Додик.











