Минесота убедливо го победи Далас (124:94) и ја продолжи борбата за најдобра можна позиција пред плејофот во НБА. На тој натпревар, Ентони Едвардс (24) не беше во стартната петорка, што ги изненади новинарите што беа во Тексас. Тие се обидоа да ја откријат причината за тоа, а тренерот се обиде да го заштити својот главен играч.
- Да речеме дека имал повик од природата – се пошегува Крис Финч, алудирајќи на фактот дека морал да оди во тоалет.
Човекот што го има прекарот Новиот Џордан можеше да каже нешто слично, да внимава на својот речник, но тоа не му беше целта. Затоа се најде на удар по својата изјава.
- Морав да се*ам – одговори Едвардс, кој ги пропушти претходните шест натпревари поради проблеми со повреда на коленото.
Се чини дека луѓето од Минесота ќе мора малку да поразговараат со него за неговиот говор и за неговите изјави. Навивачите реагираа на социјалните мрежи и повеќето веруваат дека можел да најде друг израз наместо да биде вулгарен.
Резултати: Мајами – Филаделфија 119:109, Атланта – Бостон 112:102, Мемфис – Феникс 105:131, Сан Антонио – Чикаго 129:114, Далас – Минесота 94:124, Јута – Кливленд 113:122, Оклахома – Детроит 114:110 (по продолжение), ЛА Лејкерс – Вашингтон 120:101.











