вторник, октомври 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќерка ја пронашла мајка си мртва во домот во Ѓорче Петров, имала...

Ќерка ја пронашла мајка си мртва во домот во Ѓорче Петров, имала траги на насилство

1

Со видливи траги на насилство по телотот, ќерка ја пронашла мајката во домот во населбата Ѓорче Петров. Од полицијата велат дека се истражува што и се случило, дали станува збор за убиство. Телото е предадено на обдукција.

-Денеска во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот, информираат од МВР

Пред неколку дена, 22 октомври, во 18:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 62-годишниот С. Ј. е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров. И во тој случај лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство, а телото било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.(П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ