четврток, јуни 11, 2026
Дома СКОПСКА Или одложување на зонското во Реонски Центар или протести

Или одложување на зонското во Реонски Центар или протести

168

Жителите на Ново Лисиче најавуваат протести за утре доколку надлежните институции во текот на денот не одговорат на нивното барање за одложување на селективното воведување зонско паркирање во Реонски Центар.

Тие информираат дека досега немаат добиено никаков одговор од Општина Аеродром и од Град Скопје и покрај доставеното барање за паралелно спроведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.

Жителите велат дека токму градоначалниците Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски во предизборниот период ветиле дека ќе се воведува зонското паркирање истовремено на двете локации за да се избегне прелевање на проблемите.

– Досегашното одложување и немањето активности на терен во Ново Лисиче не се по вина на граѓаните, туку по вина на институциите – наведуваат тие, нагласувајќи дека не бараат трајно решение, туку привремено одложување додека не се воспостави систем што ќе важи подеднакво за сите.

Во барањето, кое го доставиле до институциите, граѓаните укажуваат дека актуелниот модел создава нееднаквост меѓу жителите во иста општина. Како што наведуваат, дел од граѓаните имаат право на бесплатно паркирање во цела општина, додека други, иако живеат во непосредна близина, плаќаат за таа услуга.

ИЗДВОЕНИ