
Најдобрите фудбалери и фудбалерки во светот се собраа во Лондон каде што на свечената церемонија беше доделена најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет, „Златната топка“ на Франс фудбал за сезоната 2025/2026.
Меѓу кандидатите беа бројни познати имиња, а очекувањата беа големи пред објавувањето.
За поголемиот број неочекувано, а за помалиот број на навивачи и фудбалски стручњаци, „Златната топка“ за најдобар фудбалер во 2026 година, заврши во рацете на англискиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Хари Кејн.
„Морам да им се заблагодарам на моите мама и тато. Ме возевте низ цела Англија. Никогаш немаше никаков притисок од вас. Ми овозможивте да успеам. Ве сакам“, изјави емотивниот Кејн, кој изминатата сезона освои се што можеше со својот клуб на домашната сцена, беше најдобар голгетер во Европа и го освои 3-то место со Англија на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
„Златната топка“ е круната на неговото фудбалско патување, а неговата емотивна порака до неговите родители покажа дека, и покрај големите успеси, тој не заборавил од каде доаѓа.
По добивањето на големото признание, Кејн привлече внимание со зборови што нè потсетија дека зад големите спортски приказни честопати стои безусловна семејна поддршка.
Престижната награда на Франс фудбал претставува една од најголемите индивидуални награди што може да ги освои еден фудбалер. Победникот го одлучува меѓународно жири од новинари, а како и во изминатите години, таа и оваа, дневниот весник „ВЕЧЕР“ е единствениот медиум од Македонија кој гласа за „Златната топка“.
Покрај главната, беа доделени награди и во неколку други категории. Селекторот на Шпанија, Луис Де ла Фуенте беше избран за најдобар тренер, а репрезентативецот на „црвената фурија“, Унаи Симон за најдобар голман. Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е прогласен за најдобра млад фудбалер, а Вики Лопез за најдобра млада фудбалерка. Пере Ромеу е најдобар тренер во женскиот фудбал за 2026 година, а Алексија Путелас за најдобра фудбалерка во 2026 година.
Најдобар тим во женска конкуренција е Барселона, а најдобар машки тим е ПСЖ.











