вторник, октомври 27, 2026
Дома СПОРТ Чичкото на Јамал го понижи Англичанецот

Чичкото на Јамал го понижи Англичанецот

274
epa13333168 England captain Harry Kane and wife Katie Goodland arrive for the 2026 Ballon d'Or awards ceremony at the London Palladium Theatre, London, Great Britain, 26 October 2026. It is the 70th edition of the annual ceremony. EPA/TOLGA AKMEN

Сосема очекувано, не се сите задоволни од фактот дека Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година, а многумина веруваат дека напаѓачот на англискиот Баерн (М) не ја заслужил оваа престижна награда.

Пред да биде одржана свечената церемонија, се шпекулираше дека „Златната топка“ може да им припадне на Килијан Мбапе или Ламин Јамал, па фудбалските фанови кои се надеваа дека еден од нив ќе триумфира беа разочарани.

Меѓу оние кои не го криеја своето незадоволство беше и Абдул, чичкото на Јамал, кој го изрази своето мислење по церемонијата, а неговите изјави привлекоа големо внимание од јавноста.

-Многу сум тажен, се чувствувам лошо. Мојот внук е најдобриот фудбалер на светот. Сите го знаат тоа. Ако го сакате фудбалот, одите на стадион да го гледате Јамал, а не Кејн. Тој ја освои лигата, купот и Светското првенство. Имаше неверојатна сезона. Ќе освои повеќе од една „Златна топка“, изјави Абдул и додаде:

-Хари Кејн е само стрелец, а Јамал е најдобриот фудбалер. Немаше среќа, но ќе има следната година. Луѓето велат дека е млад и дека ќе освои повеќе „Златни топки“. Но, Хари Кејн има само три дена до крајот на кариерата, па затоа му ја дадоа „Златната топка“.

 

ИЗДВОЕНИ