среда, јули 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жена спасена од превртен автомобил кај Дојран по интервенција од час и...

Жена спасена од превртен автомобил кај Дојран по интервенција од час и половина

16

Жена е спасена од превртен автомобил во утринските часови на патот кон Дојран, по речиси час и половина долга интервенција на пожарникарите од Гевгелија, Валандово и Дојран.

Сообраќајната несреќа била пријавена преку бројот за итни случаи 112, каде било пријавено дека на раскрсницата за Дојран кон селото Ѓопчели се превртело возило со гевгелиски регистарски ознаки, во кое имало три лица.

На местото веднаш биле упатени противпожарни екипи од Гевгелија, Валандово и Дојран. Спасувачката акција траела од 05:30 до 06:55 часот.

Од ТППЕ Гевгелија информираат дека на местото затекнале превртено возило „берлинго“ на покрив, во кое била приклештена жена. По сложената интервенција, таа била успешно извлечена и, според првичните информации, се здобила со полесни повреди.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

ИЗДВОЕНИ