Поразот на Хрватска од Англија со 4:2 на стартот од Светското првенство не беше единствената тема што привлече внимание по натпреварот. Во центарот на вниманието повторно се најде познатата хрватска инфлуенсерка, Ивана Кнол, која уште еднаш се појави на трибините во впечатливо издание во боите на хрватското знаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

Кнол, која се здоби со светска популарност во текот на претходните мундијали, повторно беше меѓу најфотографираните навивачи на стадионот. Нејзиниот моден избор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина коментираа дека повторно успеала да го привлече вниманието на фудбалската јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

Додека Хрватска се обидува да се врати во трката за пласман во следната фаза, извесно е дека Ивана Кнол и на овој Мундијал ќе продолжи да биде една од најзабележливите фигури на трибините.

ИЗДВОЕНИ