
Основачот на „Амазон“ Џеф Безос изјави дека вештачката интелигенција долгорочно ќе создаде повеќе работни места отколку што ќе умине, отфрлувајќи ја се позачестената загриженост дека би можела да доведе до масовна невработеност.
Зборувајќи на технолошката конференција „Виватех“ (“VivaTech” ) во Париз, Безос истакна дена ВИ нема да ги направи луѓето одвишни, туку ќе ја зголеми побарувачката за работна сила и дека ќе отвори нови можности за вработување.
„Апсолутно не се согласувам со тоа. Мислам дека вештачката интелигенција ќе создаде недостиг на работна сила, затоа што ќе им овозможи на луѓето да идентификуваат повеќе проблеми“, рече Безос. Тој наведе дека не постои ограничување во бројот на работите кои може да се измислат и дека моментните ограничувања произлегуваат од способноста да се извршат идеиите, а не да се замислат.
„Нашата фантазија не е она што не ограничувс, туку она што сме во состојба да го направиме“, рече тој.
Безос објаснува дека многу идеи остануваат неостварени затоа што е тешко да се имплементираат, но дека вештачката интелигенција би можела да го забрза тој процес и да ги направи остварливи повеќето од тие идеи. Тој оцени дека проблемот во иднина нема да биде недостигот на работа, туку ограничувањата кои спречуваат побрз развој на индустријата и технологијата, кои, според него, ќе бидат ублажени со напредокот на вештачката интелигенција.
Безос исто така ја претстави својата нова ВИ иницијатива насочена кон унапредувањето на произоводството, истакнувајќи дека целта е забрзување на процесот преку автоматизација и дигитализација. Зборувајќи за долгорочната визија, Безос го повтори ставот дека вселената ќе игра клучна улога во идниот развој на цивилизациите, наведуваќи дека планот е да се остане на Месечината, а не само да се посетич
Според него, технологииите како електролизата би можела на крајот да овозможат лунарните ресурси да се користат за полнење на ракетите со горови и трајна човечка присутнот надвор од Земјата. Во текот на истиот настан, беа претставени и роботски системи и есперименти кои комбинираат вештачка интелигенција со невронаучни интефејси, што укажува на трендот на приближувањље на ВИ технологијата до физичкиот свет и индустриската примена, пренесе „Танјуг“.











