среда, август 12, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Украина има ослободено 745 квадратни километри територија оваа година

Зеленски: Украина има ослободено 745 квадратни километри територија оваа година

0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека украинските сили ослободиле 745 квадратни километри територија на југоисточниот фронт оваа година, во операција што била спроведена „точно како што било планирано“.

Зеленски рече дека Киев ја вратил контролата врз 26 населени места во регионите Дњепропетровск, Донецк и Запорожје, по должината на дел од фронтот долг околу 60 километри.

„Офанзивната операција беше спроведена прецизно, точно како што било планирано“, рече Зеленски, пофалувајќи ги воздухопловните сили и другите единици, пренесува „Ројтерс“.

ИЗДВОЕНИ