среда, август 12, 2026
Дома МАГАЗИН Спектакл во близина на Барселона: Месечината речиси целосно го затемни Сонцето –...

Спектакл во близина на Барселона: Месечината речиси целосно го затемни Сонцето – феномен што го набљудуваа и милиони луѓе во Европа

0
Фото:принтскрин, фб

Спектакуларно затемнување на Сонцето беше забележано вечерва во близина на Барселона.

Месечината го покри речиси целиот диск на Сонцето, оставајќи само тенок светол раб. Во областа на Барселона, затемнувањето беше делумно, но исклучително изразено – во моментот на максимум, Месечината затемни речиси 100 проценти од дијаметарот на Сонцето. Максималната фаза се случи околу 20:29 часот по локално време.

Милиони луѓе во Европа имаа можност да го набљудуваат затемнувањето на сонцето вечерва, а го следеа феноменот од разни јавни места, како што се паркови и видиковци со помош на специјални очила, специјални домашни уреди за набљудување.

Феноменот на целосно затемнување, кога Месечината е точно помеѓу Сонцето и Земјата, блокирајќи ги сончевите зраци, беше видлив во северна и централна Шпанија, дел од Португалија, како и во делови од Гренланд и Исланд. Ова беше првото целосно затемнување на сонцето видливо од континентална Европа од 1999 година.

Во Шпанија, тоа беше првото целосно затемнување на сонцето по 144 години, пренесува „Танјуг“.

Експертите предупредуваат дека не треба да се гледа во Сонцето дури ни за време на затемнувањето без специјални заштитни очила или соодветни сончеви филтри, бидејќи може да се појави трајно оштетување на видот.

ИЗДВОЕНИ