среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожарот од Моране се префрли во Габер: Противпожарните екипи остануваат на терен...

Пожарот од Моране се префрли во Габер: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните населени места

0
Фото: ЦУК, фб

Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните населени места.

Поради тешкиот и непристапен терен, каде што е отежнато ефикасното дејствување од земја, во гаснењето на пожарот од воздух интервенираа три авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните населени места, како и континуирано да ја следат состојбата, посочи Али.

Тој најави дека утре, уште во раните утрински часови, повторно ќе интервенираат авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, со цел целосна локализација и гаснење на пожарот.

ИЗДВОЕНИ