среда, ноември 11, 2026
Дома СВЕТ Генерален штрајк во Шпанија: Милиони работници на улица – блокирани патишта, судири...

Генерален штрајк во Шпанија: Милиони работници на улица – блокирани патишта, судири со полицијата

0
EPA/SANTI OTERO

Милиони вработени низ цела Шпанија денеска, 18 дена пред парламентарните избори излегоа на генерален штрајк, прв во последните 14 години. Се бараат повисоки плати, попристапни станови и подобрување на јавните услуги.

Штрајкот почна со блокади на патиштата и судири меѓу демонстрантите и полицијата, објави РТВЕ. Организаторите, синдикатите ЦЦОО и УГТ објавија дека одзивот во првите смени бил масовен. Според нивните податоци, во штрајкот учествувале 90 проценти од вработените во автомобилската индустрија и пристаништата, 85 проценти во месната индустрија, 82 проценти во секторот за собирање ѓубре и 75 проценти во енергетскиот сектор.

Во Каталонија, демонстрантите блокираа повеќе од 30 сообраќајни точки, додека во Мадрид беше блокиран дел од кружниот пат M-30 во близина на населбата Легаспи. Во Меркамадрид, најголемиот центар за дистрибуција на храна во Шпанија, интервенираше полицијата. Синдикатите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила и попречување на работата на информативните ударни пунктови. Слични инциденти беа регистрирани во гаражите за јавен превоз во Мадрид, Малага и Гранада.

Генералниот секретар на синдикатот CCOO, Унаи Сордо, изјави дека штрајкот не е мотивиран од претстојните избори, туку од долгогодишниот проблем со недостапноста на домуви, особено за младите луѓе.

 

ИЗДВОЕНИ