понеделник, август 3, 2026
Дома СКОПСКА Заврши изградбата на водоводната и канализациската мрежа на улицата „Фаик Коница“

Заврши изградбата на водоводната и канализациската мрежа на улицата „Фаик Коница“

22

Заврши изградбата на новата водоводна и новата канализациска мрежа на улицата „Фаик Коница“ (поранешна „Дижонска 15“) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, во вредност од 6,9 милиони денари.

Проектот е дел од тековните активности за целосна реконструкција и унапредување на комуналната инфраструктура на Дижонска, со кои се опфаќаат водоводната, канализациската и атмосферската мрежа.

– Обезбедувањето модерна и сигурна комунална инфраструктура е една од клучните цели на Министерството за животна средина и просторно планирање. Овие проекти се основа за зелен пресврт, бидејќи со нив решаваме долгогодишни проблеми, создаваме подобри услови за живот и градиме системи што одговараат на потребите на граѓаните – истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа.

Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со поддршка на општините преку реализација на инфраструктурни проекти во областа на водоснабдувањето, отпадните и атмосферските води, со цел подобрување на животната средина и на квалитетот на услугите за граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ