понеделник, ноември 2, 2026
Дома СКОПСКА Продолжува изградбата на фекална канализација во Миладиновци

Продолжува изградбата на фекална канализација во Миладиновци

1

Продолжуваат градежните активности за реализација на капиталниот  проект за изградба на фекална канализација во дел од населеното место Миладиновци, во Општина Илинден, при што во рамки на досегашните активности изградени се над 1.700 метри канализациска мрежа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека проектот опфаќа изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци, во вкупна должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со постојната пречистителна станица.

-Со реализацијата на овој проект се предвидува приклучување на повеќе од 100 домаќинства, а по неговото целосно завршување, Миладиновци ќе добие целосна покриеност со фекална канализациска мрежа – изјави Георгиевски.

ИЗДВОЕНИ