понеделник, август 3, 2026
Дома СКОПСКА Активирана гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава

Активирана гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава

9

Oпштина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава. Од Општината велат дека со активирање на овој инструмент, се преземаат активности за целосно санирање на сите оштетувања на коритото на Серава.

Изградбата на речно корито во должина од 1.800 метри и на трим-патека покрај Серава е најголем капитален проект во Општина Бутел, кој граѓаните го чекаа 40 години. Истовремено, се изгради и парк на површина од 5.000 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека нема да дозволи неквалитетна изведба и во согласност со договорот, ќе бидат санирани сите оштетувања на речното корито.

ИЗДВОЕНИ