понеделник, ноември 2, 2026
Дома СКОПСКА Пристигна првата пратка бесплатни униформи за средношколците од прва година

Пристигна првата пратка бесплатни униформи за средношколците од прва година

0

Во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, пристигна првата пратка бесплатни униформи, кои се изработени од 100% памук. Ова е почеток на реализацијата на мерката со која униформи ќе добијат сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје!

-Со бесплатните униформи го олеснуваме товарот врз семејниот буџет и придонесуваме за намалување на видливите социјални разлики меѓу учениците. Правиме конкретен чекор кон училишна средина во која нема место за потсмевање, дискриминација и булинг поради облеката што некој ја носи – изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој исто така наведе и дека се опремени кабинети по информатика, обезбедени се дидактички материјали и помагала, интерактивна технологија, смарт табли, нови клупи и столчиња.

-Вложуваме во спортски терени и фитнес зони, во современи услови за учење и здрав развој. Продолжувам со истата решителност, затоа што зад секоја мерка стојат ученици со свои надежи и семејства што очекуваат поддршка – истакна Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ