вторник, октомври 27, 2026
Дома СКОПСКА Засилена инспекциска контрола на Општина Карпош и Град Скопје

Засилена инспекциска контрола на Општина Карпош и Град Скопје

12

Општина Карпош и Град Скопје спровеле голема заедничка инспекциска акција на територијата на Карпош, со цел поголем комунален ред, чисти јавни површини и почитување на законските обврски.

-Во акцијата која се реализираше  од 19 до 26 октомври, учествуваа 45 инспектори и комунални редари од двете институции, распоредени во пет реони и две смени, со контроли од областа на комуналната хигиена, животната средина, сообраќајот, градежништвото, туризмот, спортот, патиштата и комуналните такси – соопштија од Општина Карпош.

Во дел од теренските патроли бил и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со инспекциските служби се вклучил во активностите за унапредување на комуналниот ред и одржување на чистотата на јавните површини.

Во рамки на акцијата биле реализирани: 723 инспекциски и теренски надзори, 134 глоби од комуналните редари, 73 глоби од комуналната инспекција ,како и 42 глоби за физички и 27 за правни лица.

Од Општина Карпош најавија дека во наредниот период засилен инспекциски надзор ќе има особено во УЗ „Злокуќани“.

 

ИЗДВОЕНИ