вторник, октомври 27, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Наместо договори на дело, работен однос на неопределено време

Наместо договори на дело, работен однос на неопределено време

39

Владејачкото мнозинство во Собранието поднесе Предлог-закон со кој на околу 5000 вработени ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време.

Денеска исправаме една децениска неправда. Решаваме проблем кој со години беше премолчуван, одложуван и префрлан од една институција на друга. Проблем зад кој не стојат само договори, документи и административни процедури, туку човечки судбини, семејства и луѓе кои со години живеат во неизвесност за својата иднина, изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стојановски, станува збор за лица кои со години работат со договор на дело, авторски договор, преку агенции за привремени вработувања или други форми на договорен ангажман, а истовремено ги извршуваат своите обврски и придонесуваат за функционирањето на институциите.

Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата.

Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување. Трансформацијата ќе се реализира фазно, при што за најмногу 50 проценти од опфатените лица договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, а за преостанатите најдоцна до 31 декември 2027 година.

ИЗДВОЕНИ