вторник, октомври 27, 2026
Дома БАЛКАН Обилни врнежи во Истанбул: Патиштата станаа езера, автомобили „пловат“ по нив

Обилни врнежи во Истанбул: Патиштата станаа езера, автомобили „пловат“ по нив

28

Обилни врнежи во вторникот го погодија најголемиот турски град Истанбул, претворајќи ги патиштата во езера, поради што возила останаа заглавени во надојдената вода. Поради обилниот дожд, поплавен е подвозник во населбата Кајнарџа, од каде што екипите на итната помош спасиле возач и дете, кои биле заробени во автомобил.

Турските медиуми објавија снимка на која се гледа како дождовницата се слева од улицата во подвозник како водопад.
Дождот почна да врне во текот на ноќта, а изутрината се засили, пренесува „Си-ен-ен Турк“ наведувајќи дека поради врнежите, создадени се големи сообраќајни метежи во повеќе делови од градот, како на европската, така и на азиската страна.

Телевизијата „ТРТ хабер“ јавува дека поради невремето и обилните врнежи, Босфор добил две бои по заматувањето на водата од калта. Центарот за координација при катастрофи извести за силни северни ветрови и пад на температурата на воздухот за 12 степени.

На терен се распоредени повеќе од 8.000 луѓе во тимови, кои продолжуваат да работат на отстранување на потенцијалните последици од невремето и обилните врнежи што го погодија целиот град, а во работата им помагаат и речиси 2.400 возила.

 

ИЗДВОЕНИ