четврток, јули 9, 2026
Дома СКОПСКА Започна со работа канцеларијата на Шведско-македонската стопанска комора во Црниче

Започна со работа канцеларијата на Шведско-македонската стопанска комора во Црниче

21

Во населбата Црниче, вчеравечерт официјално започна со работа новата канцеларија на Шведско-македонската стопанска комора.

На свеченото отворање присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, извршниот директор на комората, Самуил Наумовски Викиус, како и претставници од голем број локални компании.

Од Општина Кисела Вода информираат дека зад комората стојат 35 етаблирани шведски компании чија цел, како што велат е да бидат економски мост помеѓу Шведска и Македонија.

Според општинските власти, присуството на бројни домашни бизнисмени на отворањето само потврдило дека постои огромен потенцијал за меѓусебна соработка и пласман на нови пазари.

-Фактот што Шведско-македонската стопанска комора ја отвора својата канцеларија токму кај нас, потврдува дека како општина создаваме поволна бизнис клима препознаена од меѓународната заедница. Нашата намера е да бидеме силна поддршка на овој економски мост. Преку континуирана модернизација на услугите и поддршка на малите и средни претпријатија, обезбедуваме основа за привлекување нови инвестиции, кои ќе донесат нови работни места и одржлив економски раст- истакна Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ