Во сабота на 11-ти јули 2026 година, од 20 часот и триесет минути во Музејот на град Скопје ќе биде изведен музичко-поетскиот перформанс на авторот Никола Стојковски (ФИН Проект) насловен како културна кауза „Смирна“

Изведбата на овој музичко-поетски перформанс ни носи авторска музика на ФИН Проект како и композиции на реномираната македонска пијанистка Билјана Петровска и вокална интерпретација на Орхидеја Дукова, во спој со поетскиот сегмент кој содржи дела на некои од великаните на македонскиот пишан збор инспирирани во основа на духовност, во изведба на актерот Игор Трпчески.












