сабота, ноември 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Паднато дрво и излетано возило го блокираа патот Охрид – Скопје: Повеќе...

Паднато дрво и излетано возило го блокираа патот Охрид – Скопје: Повеќе лица повредени

0

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Скопје, кај селото Ботун, вчера беше во целосен прекин поради паднато дрво на коловозот и сообраќајна несреќа.

На истиот дел од патот патничко возило излетало од коловозот, при што биле повредени повеќе лица.

Во првичните информации не беше наведено колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди.

Причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа дополнително ќе се утврдуваат.

ИЗДВОЕНИ